СТУДЕНТКИТЕ СО РАДОСТ ЈА ПРЕЧЕКАА БЕСТИ Грижата за менструалното здравје во фокусот на факултетите во Скопје и Битола заедно со dm!

Во рамки на кампањата #НИКОГАШПОВЕЌЕСАМА, компанијата dm drogerie markt во соработка со факултетите во Скопје и во Битола  успешно реализираше бесплатни гинеколошки советувањa за студентките.

80

Во рамки на кампањата #НИКОГАШПОВЕЌЕСАМА, компанијата dm drogerie markt со проектот Bestie во соработка со Филозофскиот и Филолошкиот факултет „Блаже Конески “, Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“-  Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје  и Педагошки факултет, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола  успешно реализираше гинеколошки советувањa по универзитетските кампуси со цел унапредување на менструалното здравје кај студентките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Jovanovska (@_evce_)







Посетите на факултетите во Скопје и Битола поминаа со голем интерес и позитивна атмосфера. Студентките имаа можност да разговараат со гинеколог и да добијат стручни совети во пријателска и доверлива средина.

– Ми се допадна што можев да поставам прашања што ме интересираа без страв и срам. Прекрасно е што конечно се отвара темата и можеме отворено да зборуваме, без да се срамиме. Се чувствувавме охрабрени и прифатени – истакна една од студентките што го посети гинеколошкото катче за советување.

Студентките поставуваа прашања и добиваа совети од гинеколози поврзани со менструалниот циклус, менструалните болки и правилната менструална хигиена – целосно бесплатно. Овие едукативни советувања беа организирани со цел да се разбијат предрасудите и табуата поврзани со менструалното здравје и да се поттикне отворен разговор за теми кои и понатаму се сметаат за чувствителни во нашето општество.

Дел од нив се пријавија и за Bestie амбасадорки – млади девојки кои преку сопствен пример и ангажман ќе придонесуваат за подигнување на свеста за менструалната правда и за охрабрување на отворена комуникација меѓу останатите студентки.

– Во текот на посетите на факултетите, забележавме голем интерес од студентките кои со искрена љубопитност и доверба разговараа со гинеколозите и со нашиот тим. Атмосферата на Bestie катчињата беше топла, отворена и поддржувачка – токму онака како што сакаме секоја девојка да се чувствува кога зборува за своето здравје. Со проектот Bestie сакаме да покажеме дека грижата за менструалното здравје не е индивидуален, туку општествен предизвик. Веруваме дека преку едукација, достапност и поддршка можеме да создадеме општество во кое ниту една девојка нема да биде сама – порачаа од dm drogerie markt.

Преку 230.000 донирани влошки и нова поддршка за студентките

Проектот #НИКОГАШПОВЕЌЕСАМА започна во октомври 2024 година и досега опфати повеќе од 200 диспанзери со хигиенски влошки поставени на државните факултети низ земјата. Во првата година беа донирани над 230.000 Jessa влошки, со вкупна вредност на донацијата од повеќе од 1,8 милиони денари.
Во новата студентска година, dm продолжува со поддршка – во септември 2025 година веќе е доставена нова количина од речиси 120.000 бесплатни Jessa влошки до сите државни универзитети, а до почетокот на 2026 се проектира донација од вкупно 260.000 поединечни влошки.

Со ова, dm уште еднаш ја потврдува својата заложба дека ниедна студентка не треба да се соочи со менструацијата без пристап до основни хигиенски производи.

Проектот претставува дел од континуираниот ангажман на dm за создавање на отворен и поддржувачки простор во кој младите жени слободно зборуваат за своето здравје, а темите поврзани со менструацијата се третираат како природен и важен дел од секојдневниот живот.

Поврзани содржини