Студентка изработува маски за глуви и наглуви лица ФОТО
Таа вели дека знаковниот јазик и читањето од усни е основен начин за комуникација помеѓу глувите и наглувите лица.
Студентката Ешли Лоренс од Универзитетот во Кентаки смислила начин како и глувите и наглувите лица да можат да користат заштитни маски, а да можат повторно да користат знаковен јазик и да читаат од усни.

– Кога видов дека луѓето почнаа масовно да произведуваат заштитни маски, си помислив што е со глувите и наглувите лица? Чувствував дека поголема група на луѓе е запоставена. Сите сме во паника поради коронавирусот, но не смееме да ги заборавиме и другите луѓе. Маските ги правам од постелнина и од пластична ткаенина, а досега се направени три-четири комплети и сите се бесплатни – раскажува Лоренс.
Таа вели дека знаковниот јазик и читањето од усни е основен начин за комуникација помеѓу глувите и наглувите лица.
Видеото може да го погледнете ТУКА.