СТУДЕНТИТЕ ОБЈАВИЈА ДЕКА СЕ ГАЃАНИ СО КАМЕЊА ОД ПИОНЕРСКИОТ ПАРК Повик до сите да го напуштат просторот околу Собранието во Белград

Овој протест повеќе не е студентски протест. Стражарите ги симнаа маркерите. Ги замолуваме сите да го напуштат просторот околу Собранието, се вели во соопштението на Факултетот за драмски уметности во блокада.

453

Крај на протестот објавија од Факултетот за драмски уметности во Белград откако вечерва од правец на Пионерскиот парк кон студентите кои протестираат било фрлано со шишиња и камења.

„Од правец на Паркот Пионер се фрлаат шишиња и камења. Овој протест повеќе не е студентски протест. Стражарите ги симнаа маркерите. Ги замолуваме сите да го напуштат просторот околу Собранието“, се вели во соопштението на Факултетот за драмски уметности во блокада.






На просторот пред зградата на Претседателството во Пионерскиот парк се собрани членови на здружението „Студенти 2.0“, кои, како што велат, сакаат да се вратат на наставата и се спротивставуваат на студентските протести.

Српските медиуми објавија дека вечерва во 22 часот обраќање до нацијата ќе има претседателот на државата, Александар Вучиќ.

Главната маса на насобраните луѓе вечерва протестира кај Славија.

Поврзани содржини