СТУДЕНТИТЕ НЕ ПОПУШТААТ, МАРШИРААТ ОД ВЛАДА ДО МОН Власта и опозицијата се караат за оброкот, домовите остануваат нереновирани

На посебна собраниска седница се дебатираше и за студентскиот оброк. Власта и опозицијата се скараа за тоа колкава треба да биде субвенцијата за студенскиот оброк. ВМРО-ДПМНЕ смета дека 120 денари за оброк не се доволни и ќе поднесат амандман таа да се зголеми на 160 денари. ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи и продолжување на академската студентска година наспроти тоа таа да заврши во март. СДСМ од друга страна истакнаа дека земјата се наоѓа во енергетска криза и дека се потребни системски решенија.

338

Студентите во Македонија не отстапуваат од своите барања. Тие попладнево маршираат од Влада до Министерството за образование и наука барајќи подобри услови, поголема субвенција за оброк и решенија за проблемите со кои се соочуваат во 21 век. Денеска е и меѓународниот ден на студентите. Обединети, протестираат студентските собранија при УКИМ, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, универзитетите од Битола и Штип и движењето „Студентски отпор“.

– Целта на овој студентски марш е студентите да ги искажат своит барања и ставови јасно и гласно пред институциите. Ваквата пракса и овој студенстки марши би сакале да биде иницијална точка која ќе премине во традиција што ќе се применуваво наредните години и генерации после нас – изјави пред почетокот на маршот Славчо Темелковски, претседател на УСС при УКИМ.






Во Собранието на Македонија денеска средба имаа Славчо Темелковски, претседател на Универзитетското студентско собрание при УКИМ, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, Виктор Велевски-директор на Студентскиот дом-Скопје како и пратеници- поводот за средбата беше изработка на акциски план за подобрување на условите во студентските домови.

Претставниците на студентските домови имаат рок до среда да ги достават барањата до универзитетското студентско собрание за да се изработи акциски план.

„Ќе разговараме за итните прашања кои ги имаме во моментов, тоа се тоалетите во студентските домови Стив Наумов и Пелагонија. Веднаш ќе пристапиме кон градежни работи за истите“, беше изјавено по средбата во Собранието.

На посебна собраниска седница се дебатираше и за студентскиот оброк. Власта и опозицијата се скараа за тоа колкава треба да биде субвенцијата за студенскиот оброк. ВМРО-ДПМНЕ смета дека 120 денари за оброк не се доволни и ќе поднесат амандман таа да се зголеми на 160 денари. ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи и продолжување на академската студентска година наспроти тоа таа да заврши во март. Доколку не бидат прифатени нивните амандмани тие велат дека ќе продолжат со нови предлози.

СДСМ се на став дека сумата зависи бидејќи земјата се наоѓа во енергетската криза.

– Факт е дека енергетската криза која ги засега сите во регионот се чувствува кај сите. Сметаме дека освен со паушални решенија со кои излегува опозицијата, подобро е да имаме системско решение за подобрување на стандардите за сите студенти – вели Лидија Тасевска од СДСМ.

Министерот Шаќири вели дека министерството веќе има план како да се подобрат условите за студентите. Планот предвидува реновирање на неколку студентски домови почнувајќи со домот Стив Наумов кој се наоѓа во најлоша состојба. Проектот би започнал на почетокот на идната 2023 година. Проектот е вреден 20 милиони евра, изјави министерот и за три години треба да ги опфати сите студентски домови.

 

 

Поврзани содржини