СТУДЕНТИТЕ СО ЖИВ ЅИД ЌЕ ГО БРАНАТ СИМБОЛОТ НА БОМБАРДИРАЊЕТО НА НАТО Зетот на Трамп не смее да го добие Генералштабот во Белград

Собраните на протест нагласија дека нема мирно да го гледаат уривањето на тој комплекс и, како што рекоа, газењето на Уставот и на законите.

879

Во Белград денеска се одржа протест под слоганот „Ние сме жив ѕид“ пред зградите на генералштабот каде студенти од белградски факултети и членови на иницијативата Ансамбл Генералштаб побараа укинување на уривањето на тој комплекс.

Собраните на протест нагласија дека „нема мирно“ да го гледаат уривањето на тој комплекс и „газењето на Уставот и законот“. Тие додадоа дека ќе го „бранат со своите тела“ тој симбол на Белград, откако lex specialis беше усвоен во српскиот Парламент оваа недела, со што е овозможено негово уривање. На негово место фирма на Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Донал Трамп, најави дека ќе гради хотел „Трамп интернешнал“






Студентите и собраните граѓани формираа „жив ѕид“ околу комплексот, и нацртаа симболична црвена линија како порака дека нема да дозволат уривање. Според нив, тоа е „прво предупредување“ до властите.

Во 11:52 часот, сите собрани го завршија протестот со 17 минути молчење во спомен на оние кои загинаа при падот на бетонската настрешница во Нови Сад и на оние кои загинаа при бомбардирањето на оваа зграда во Белград во крајот на април 1999 година.

Поврзани содржини