СТУДЕНТИТЕ ИЗГЛАДНЕА СО СУБВЕНЦИОНИРАНИТЕ 140 ДЕНАРИ Студентскиот Совет од Универзитетот „Мајка Тереза“ барат враќање на стариот „студентски оброк“
Моменталниот начин на субвенционирање е несоодветен и ограничен, се наведува во соопштението на Студентскиот Совет, бидејќи како што стои во соопштението, со него студентите не можат да ги задоволат секојдневните потреби.
Сумата од 140 денари дневно е недоволна за задоволување на секојдневните потреби за исхрана на студентите, се наведува во соопштението од Студентскиот Совет при Универзитетот „Мајка Тереза” кој бара од Министерството за образование да го врати стариот метод на субвенциониран оброк.
Моменталниот начин на субвенционирање е несоодветен и ограничен, се наведува во соопштението на Студентскиот Совет, бидејќи како што стои во соопштението, со него студентите не можат да ги задоволат секојдневните потреби.
– Понудената сума од 140 денари е недоволна за основната исхрана и задоволство на нашите студенти. Ние бараме од Министерството за образование и наука да го рецензира моменталниот Закон и да се врати на претходниот начин на користење на финансиската вредност за студентите – стои во соопштението на студентскиот Совет.
Според Студентскиот совет од Универзитетот „Мајка Тереза“ од суштинска потреба е да се зголеми сумата на субвенционирање во согласност со растот на инфлацијата и актуелните економски услови.
– Се надеваме дека ова барање сериозно ќе се земе предвид и ќе наиде на решение, кое ќе го олесни товарот на студентите и ќе помогне во обезбедувањето на подобро образование – велат од студентскиот Совет при „Мајка Тереза“.
Според актуелниот медот на субвенциониран студентски оброк, студентите имаат ограничена сума од 140 денари дневно за исхрана кои мора да ги реализираат во тековниот ден.