🎥 СТУДЕНТИТЕ ГИ ПОВИКАА ГРАЃАНИТЕ ДА ИСТРААТ ВО БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА Еве колку луѓе се собраа на масовниот протест во Беелград

Што ги спречува институциите да работат како што треба? Имаа 4 месеци да ги исполнат нашите барања, но не ги исполнија. Нашите барања се за функционално работење на нашето општество, рече студентка.

398

Заедно да ја разбудиме Србија и да истраеме во борбата, не само за студентите, туку и за земјоделците, просветните работници, актерите, новинарите, инженерите, порача една студентка од бината на Славија, на големиот протест на студентите и на граѓаните во Белград.






– Што ги спречува институциите да работат како што треба? Имаа 4 месеци да ги исполнат нашите барања, но не ги исполнија. Нашите барања се за функционално работење на нашето општество – рече таа.

Протестот почна во 16 часот на Славија и ќе трае до 21 часот.

„Само со заедничко залагање ќе се реши корупцијата“, порачуваат студентите.

Поврзани содржини