Студент од Италија три пати бил во изолација поради коронавирусот: Очигледно е дека сум баксуз ВИДЕО

719

Италијанскиот студент Лоренцо ди Берардино стана експерт за карантин против својата волја. Тој дури три пати бил во изолација поради коронавирусот – најпрво во Вухан, потоа, како повратник од странство, во Рим, и на крајот во неговиот град Пескара, во областа која е особено погодена со пандемијата.

– Очигледно сум баксуз – рекол 22-годишниот студент.






Тој на почетокот на оваа година, во рамките на програмата за размена на студенти, ги поминал првите неколку месеци тикму во Вухан, од каде што се прошири ковид-19. Неколку дена пред да се врати дома, 11-милионскиот град беше „заклучен“.

На почетокот на февруари италијанската војска го префрли него и уште неколку италијански државјани во Италија, но како повратник, Лоренцо морал да помине 17 дена во карантин во воените бараки недалеку од Рим, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Кога на 20 февруари конечно се вратил во Пескара, во централниот дел на земјата, забележел дека луѓето попреку го гледаат. Истиот ден во градот Кордоња бил објавен првиот случај на локално пренесен вирус, а на 10 март Владата наредила да се затворат училиштата и вовела полициски час во цела Италија.

Оттогаш Лоренцо студира од својата куќа, преку интернет, а на забраните на движење кои непрекинато го следат реагира сосема опуштено:

– Мораме да ги почитуваме мерките, без разлика дали ни се допаѓа тоа, или не – рекол Лоренцо.

 

Поврзани содржини