СТУДЕНО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА Минусни утрински температури и сонце преку денот

Метеоролозите најавуваат студени утра со минусни температури на повеќе места, додека преку денот ќе биде сончево со слаба облачност и слаб југоисточен ветер.

270

Метеоролозите велат дека утре утрото ќе биде претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од -4 во Берово до 6 во Гевгелија, а максималните дневни од 14 во Берово и 20 Целзиусови степени во Гевгелија.






Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 2 до 16 степени.

В четврток утрото студено со услови за утринска магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од -3 степени до 5 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 14 степени до 20 степени.

Метеоролозите за во петок ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од -1 степен до 7 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 15 степени до 21 степен.

Поврзани содржини