СТУДЕНО УТРО, ТОПОЛ ДЕН Ќе се разбудиме во мраз, а ќе прошетаме на сонце со 20 степени
Метеоролозите најавуваат големи температурни разлики, утрински мраз во источниот дел, а до 20 степени на југот од земјата.
Метеоролозите за утре нѐ информираат дека наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -3 во Берово до 4 во Гевгелија, а максималните дневни од 13 во Маврово и во Берово и 20 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 1 до 17 степени.
В сабота претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -2 степени до 6 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 14 степени до 29 степени.
Метеоролозите за во недела најавуваат дека претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од -1 степени до 7 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 14 степени до 18 степени.