СТУДЕНО УТРО, ПОТОПОЛ ДЕН Сончеви периоди и температури до 11 степени
Утрински минусни температури, сончеви периоди преку ден и умерен југоисточен ветер, додека од среда се најавуваат дожд и снег на планините.
Метеоролозите информираат дека утре нè очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -4 степени во Берово до 3 степени во Гевгелија, додека максималните дневни ќе бидат од 6 степени во Маврово до 11 степени во Гевгелија.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од -1 до 9 степени.
Во среда нè очекува променливо облачно време. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 2 до 7 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 7 до 12 степени.
Според прогнозата на УХМР, во четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 3 до 9 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 7 до 13 степени.