Студено и ветровито со температура до еден степен
Во Скопје слично време со минимална температура до -6 и максимална до -1 степен.
Во земјата ќе преовладува облачно, студено и ветровито време. Пообилни врнежи од снег се очекуваат во попладневните и во ноќните часови кон недела особено во југозападните делови.
До крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка, а понекаде во југозападните делови висината на снежната покривка ќе надмине 20 сантиметри. На планините снежната покривка ќе се зголеми.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој најизразен ќе биде во горниот тек на Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -5 до 1 степени.
Во Скопје слично време со минимална температура до -6 и максимална до -1 степен.