СТУДЕН ТУШ ЗА КИЕВ Бајден вели дека Украина мора да ги исполни сите услови за членство во НАТО
Претседателот на САД додаде дека на Самитот на НАТО во Вилнус, Украина нема да добие покана за членство, потенцирајќи оти земјата стане членка на НАТО „кога ќе дојде време“.
Претседателот на САД, Џо Бајден денеска изјави дека Украина мора да ги исполни сите услови како и другите земји за да стане членка на НАТО.
Тој наведе дека не треба да ѝ се олесни пристапот на Украина.
– Украина не може да биде фаворизирана и мора да се почитуваат сите критериуми. Значи, нема да и олесниме – посочи Бајден.
Тој додаде дека на Самитот на НАТО во Вилнус, Украина нема да добие покана за членство, потенцирајќи оти земјата стане членка на НАТО „кога ќе дојде време“.