СТУДЕН ТУШ ЗА ИЗРАЕЛ ОД АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШНЛ Извештај од 300 страници го товари Тел Авив за геноцид врз Палестинците

Нашите наоди мора да послужат како повик за будење до меѓународната заедница: Ова е геноцид. Ова мора веднаш да престане, изјави генералната секретарка на Амнести Интернешнл Ањес Каламар.

301

Организацијата за човекови права Амнести Интернешнл денеска објави извештај во кој го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Појасот Газа, истакнувајќи дека израелската војска намерно извршила воени злосторства.

Организацијата во извештај од 300 страници наведува дека за време на израелската офанзива, армијата намерно им донела страдање и уништување на луѓето што живеат во Газа.






– Нашите наоди мора да послужат како повик за будење до меѓународната заедница: Ова е геноцид. Ова мора веднаш да престане – изјави генералната секретарка на Амнести Интернешнл Ањес Каламар.

Израел постојано ги отфрла ваквите обвинувања, нарекувајќи ги своите дејствија одбранбени и повикувајќи се на своето право на самоодбрана.

Групата за човекови права објави извештај за Блискиот Исток во кој се вели дека таквите акции не може да се оправдаат со терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, кој ја предизвика војната, или со присуството на вооружени борци во цивилните области.

Според Амнести Интернешнл Израел има за цел да ги уништи Палестинците.

Земјите кои продолжуваат да му доставуваат оружје на Израел ризикуваат да станат соучесници, се предупредува во извештајот. Организацијата повикува на итен прекин на, како што вели, геноцидот, воспоставување прекин на огнот и ослободување на сите заложници.

Од друга страна, Израел го отфрли како „целосно лажен“.

„Нечесната и фанатична организација Амнести Интернешнал уште еднаш произведе измислен извештај кој е целосно лажен и заснован на лаги“, се вели во соопштението на израелското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се вели дека наместо тоа, нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година бил „геноциден“.

„Израел се брани себеси … постапувајќи целосно во согласност со меѓународното право“, се вели во соопштението.

 

Поврзани содржини