СТУДЕН СОНЧЕВ ДЕН Температурата ќе достигне до 11 степени
Во Скопје, утрово ќе биде студено, преку денот сончево со мала облачност.
Времето утрово ќе биде студено, преку ден сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.
Во Скопје, утрово ќе биде студено, преку денот сончево со мала облачност.
Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 5 степени.
Од УХМР информираат дека утре ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури, кои насекаде ќе се спуштаат под нула и ќе бидат во интервал од -9 до -1 степен.
Од петок ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите повремено ќе преминуваат во снег.