СТУДЕН БРАН ДОАЃА ОД СИБИР? Снежна идила во Нижеполе како да ги потврдува најавите на метеопрогнозерот Славчо Поповски
И некои други метеопрогнозери од регионот на Балканот предвидуваат нови врнежи под снег и краткотрајно враќање на зимата.
Снежната идила на Нижеполе што ја заебележаа веб-камерите како да ги потврдуваат прогнозите на често оспоруваниот метеопрогнозер Славчо Поповски.
Тој предвиде враќање на зимата и студено време вообичаено за декември и за јануари.
„На Метеоролошката карта можете да ја видете очекуваната снежна покривка за време на овој многу ладен воздух, кој ќе се спушти кај нас директно од Сибир“, напиша Поповски.
Денеска тој објасни дека под влијание на голем влажен бран од југ и од југоисток, во следните 24 часа во нашата земја ќе има нови врнежи од дожд, повремено пообилни, а најобилни врнежи ќе има во јужната половина од Македонија, каде локално ќе наврнат нови над 20 литри дожд на метар квадратен. Ќе дува северен и североисточен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет.
Локално е можна и нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На планините пнад 1600 и 1700 метри надморска височина, врнежите ќе бидат претежно од снег.
И некои други метеопрогнозери од регионот на Балканот предвидуваат нови врнежи под снег и краткотрајно враќање на зимата.