Стружани со протест бараат решавање на проблемот со недостиг на вода за пиење

Граѓаните на Струга тврдат дека старата водоводна мрежа, а не сушата е главна причина за недостигот и бараат нејзино санирање.

348

Честите прекини во водоснабдувањето, немањето притисок, заматената вода за пиење и рестрикциите,  се причини поради кои стружани денеска протестираа пред  јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Според нив овие проблеми тие ги чувствуваат најмалку 10 годинби, а последните две години дошле до израз. бидејќи освен во летниот период одредени реони во градот немаат вода за пиење ниту во ноември и декември. Најголем проблем имаат жителите во зградите на повисоките катови.






ЈП „Водовод и канализација“ пред неколку дена на својата фејсбук страница упати апел до стружани да не се злоупотребува користењето на водата за пиење за технички и други цели за побрзо решавање на проблемот со недостиг на вода во градскиот водовод.

Од претпријатието посочуваат дека причина за немањето вода е сушата и лошата хидролошка состојба и поради тоа најавија рестрикции од 22 до 5 часот.

Но граѓаните велат дека токму старата и дотраена водоводна мрежа е причина за недостигот на вода за пиење.Според нив, водоводната мрежа мора да се смени, цевките се стари.

– Водата поради старите цевки тече низ улиците. На улицата „Ѓуро Салај“ како гејзер повеќе од 15 години тече од шахта. Неконтролирано вода тече и на „Маркс и Енгелс“ во Плитишта. Пукаат цевките и тука бега доста вода. Со сушниот период неможе да се извадат, бидејќи и во другите градови е суша, никаде не врнеше низ Македонија, па секаде имаат вода, само кај нас нема. Мора да се преземе нешто, да се направат нови базени, нова водоводна мрежа, за да може да функционираме нормално – велат тие.

 

Поврзани содржини