Стружанец украл машини од основно училиште во време на полициски час

307

Стружанец кривично ќе одговара бидејќи викендов го прекршил полицискиот час и е фатен како краде машини и апарати од основното училиште „Браќа Миладиновци“.

Стружанецот Т.Н. (31) во неделата во 16.35 часот, за време на ограничувањето на движењето на граѓаните, при контрола за доследно спроведување на мерките за ограничено движење за време на полицискиот час и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус, полициските службеници го затекнале пријавениот на ул.„Боро Хаџиески Путе“ во Струга. По дополнително преземени мерки, констатирано е дека тој, ден претходно  извршил тешка кражба во ОУ„Браќа Миладиновци“ во Струга, од каде, по насилно влегување, противправно одзел повеќе видoви на машини и апарати, соопшти МВР:

 

Поврзани содржини