СТРУЖАНЕЦ И ДЕБРАНЕЦ ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА ДЕМНЕЊЕ Едниот напишал писма со лажна содржина, другиот ги пратил по пошта
Пријавениот Р.И. своерачно напишал повеќе анонимни писма со лажна и тенденциозна содржина, со користење на лични податоци на лице вработено во ОВР Дебар.
Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривични пријави против дебранец и жител на Струга, за сторено кривично дело „демнење“.
– Поднесена е кривична пријава против Р.И.(43) од Дебар и Т.Б.(30) од струшкото село Корошишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Пријавениот Р.И. своерачно напишал повеќе анонимни писма со лажна и тенденциозна содржина, со користење на лични податоци на лице вработено во ОВР Дебар – информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Според него, на 22 јуни годинава Р.И. му ги предал писмата на Т.Б., кој, како помагач и соизвршител на делото, писмата ги доставил во поштата во Струга и ги пуштил на неколку службени адреси.
– Со ваквото постапување, пријавените кај оштетениот предизвикале психичка вознемиреност и чувство на несигурност – додаде Димоски.