Педесет и шестгодишен стружанец направил неред на вакциналниот пункт во СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид и од вакцинација завршил во полиција.
СВР Охрид информираше дека вчера во 18.30 часот од СРЦ „Билјанини извори“ – вакцинален пункт во Охрид бил приведен С.К.(56) од Струга, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници и лекари од пунктот кои извршувале службени дејствија.