Струмичките актери побараа оставка од министерката Стефоска

Актерите велат дека министерката се обидувала да го одбрани донесеното решение кое не оди во прилог на театарот во Струмица.

471

Струмичките актери денеска на одбележување на Светскиот ден на театарот побараа оставка од министерката за култура Ирена Стефоска бидејќи цели два месеца не реагирала за изборот на Васил Бубев за директор на струмичкиот Центар за култура. Актерите велат дека министерката се обидувала да го одбрани донесеното решение кое не оди во прилог на театарот во Струмица.

 

– Министерката не смееше да избира и да поставува партиски директори на институциите од културата, па бил тоа избор и на самиот премиер. Изборот на директори уште понагласено продолжува да се прави по партиски клуч и тоа не се однесува само на НУЦК „Антон Панов“ Струмица. Министерката се стави во одбрана на партизацијата и корупцијата и не ги почитува ниту стратешките принципи на министерството, ниту професионалните, ниту етичките начела, затоа бараме итна и неотповиклива оставка на функцијата – рече актерката Оливера Аризанова Монсбарт.






Министерството за култура остана на ставот дека единствено Васил Бубев ги исполнил правно формалните услови по распишаниот конкурс за директор на НУЦК „Антон Панов“.

Поврзани содржини