Струмичкиот градоначалник контра Филипче: Немаме заболени од коронавирус

1,367

Во ова неделно попладне кога сите сме во своите домови, сакам со вас да ја споделам информацијата дека на територијата на општина Струмица до сега нема ниту еден докажан позитивен пациент со коронавирус. Двата случаи регистрирани во статистиката на Министерството за здравство, се од други две општини во поширокиот регион. Едната пациентка е во домашно изолација и е во добра здравствена состојба, а другиот позитивен пациент се наоѓа во државен карантин во Маврово, напиша попладнево струмичкиот градоначалник Коста Јаневски на својот профил на Фејсбук.

„Почитувањето на мерките и препораките од надлежните институции е најсилното оружје во борбата со корона вирусот. Држете дистанца, избегнувајте блиски контакти, не се групирајте, останете дома и почитувајте ги и другите мерки. Ви благодарам за дисциплината и одговорноста кои ги покажавте во овие вонредни околности. Ве охрабрувам и понатаму да се однесуваме уште подисциплинирано и поодговорно кон сите препораки. Со мерките коишто ги презема општина Струмица и Вашата поддршка, заедно ќе успееме полесно да го надминеме критичниот период којшто се очекува“, порача Јаневски.

Министерството за здравство во вкупната бројка на заболени по градови, денеска објави дека во Струмица има двајца позитивни на коронавирусот, до вчера беше само еден, иако во денешниот извештај за изминатите 24 часа од 72 позитивни во државата, по градови, во Струмица нема.

Поврзани содржини