СТРУМИЦА КАКО КОЛУМБИЈА, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ИСТРАЖИ Две третини од запленетата дрога се од фирма блиска на Заев

Станува збор за фирмата 'ЦБД Медплант', формално заведена на името на Христијан Котев, а фактички контролирана од неговиот татко Тони Котев -М'гчев, поранешен претседател на ОО Ново Село на СДСМ и човек со длабоки бизнис-врски со Вице Заев и Гидан Колев. Според наводите, во период од 30 јуни до ноември 2025 година, оваа фирма има 'испорачано' дури 19 тони марихуана кон скопска фабрика, тврди ВМРО-ДПМНЕ и од Јавното обвинителство побара истрага за случајот.

227

Повеќе од две третини од 27 тони запленета дрога во големата полициска акција изминатите денови е од фирма блиска на СДСМ и на екс-лидерот на СДСМ Зоран Заев, тврди ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста. Партијата бара Јавното обвинителство да отвори истрага за случајот.

„Скандалот со запленетата дрога во Струмица, потсетува на најмрачните периоди од светката криминална историја. Над две третини од вкупно 27 тони дрога се поврзуваат со фирма која директно води до кадри и блиски соработници на СДСM и кланот Заеви.






Станува збор за фирмата ‘ЦБД Медплант’, формално заведена на името на Христијан Котев, а фактички контролирана од неговиот татко Тони Котев -М’гчев, поранешен претседател на ОО Ново Село на СДСМ и човек со длабоки бизнис-врски со Вице Заев и Гидан Колев. Според наводите, во период од 30 јуни до ноември 2025 година, оваа фирма има ‘испорачано’ дури 19 тони марихуана кон скопска фабрика.

Лиценцата за одгледување марихуана за медицински цели на овие фирми во 2020 годинија ја дава владата на Зоран Заев и Филипче. Тогаш, владата на Заев и Филипче доделила лиценци на 2 фирми, ‘Еко Енерџи-Космос’ од Ново Село и ‘Лајтинг Лукс’ од Струмица, во сопственост на синот на Боро Малборо и Христијан Котев гореспоменатиот.

Медицинската марихуана била параван за организиран криминал во огромни размери. ВМРО-ДПМНЕ уште тогаш предупредуваше дека лиценците не се делат по закон туку по семејна и партиска блискост со Заеви.

Владата на СДСМ делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа денес е тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.

Која е улогата на Зоран и Вице Заев во овој случај? Зошто Заев лично се јавувал на телефони во Царинската управа и се интересирал за овој случај?Колкав процент од овој скандал профитирале кланот Заеви?

Она што со години функционирало во Струмица очигледно било наркокартел со политичка заштита од СДСМ и Заев, по начинот на делување и однесување овој скандал потсетува на најмрачните периоди од светката криминална историја, но секој картел без разлика колку долго е заштитуван, на крај паѓа“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

🎥 ОД ФИРМА БЛИСКА НА ЗАЕВИ И НА СДСМ УТРОВО ОДЗЕМЕНИ 21 ТОН КАНАБИС Голема полициска акција во Струмичко

 

Поврзани содржини