СТРУМИЦА Е ВМРОВСКИ ГРАД Костадинов му ја предаде функцијата на новиот градоначалник Јанков

Петар Јанков како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Струмица победи во првииот круг на локалните избори со повеќе од 5.000 гласови разлика пред кандидатот на СДСМ, Марјан Даскаловски. Јанков освои 15.071 глас, а Даскаловски 9.732 гласови

1,710

Со ставање на значката со амблемот на Струмица досегашниот струмички градоначалник, Костадин Костадинов му ја предаде функцијата на новоизбраниот Петар Јанков, со што од денеска тој и официјално е градоначалник на Струмица.

Претпладнево Општинската изборна комисија му го врачи уверението од изборната трка.






Јанков најави дека ќе се посвети на тоа чесно да го води градот.

– Овие денови се планирани средби со раководителите и со директорите на јавните претпријатија, да поразговараме во каква ситуација сме и во кој правец ќе се движиме понатаму – рече Јанков.

Досегашниот градоначалник Костадинов му посака успешна работа на Јанков.

– Денеска во мое лично име сакам да честитам на мојот политички наследник како градоначалник на Општина Струмица, Петар Јанков, да му посакам плоден и успешен мандат, да му посакам многу храброст, истрајност и најважно од сè, трпение и автономност во одлуките, коишто, верувам и сум оптимист дека ќе бидат за доброто на сите во нашата Струмица – изјави Костадинов.

Петар Јанков како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Струмица победи во првииот круг на локалните избори со повеќе од 5.000 гласови разлика пред кандидатот на СДСМ, Марјан Даскаловски. Јанков освои 15.071 глас, а Даскаловски 9.732 гласови. По 20 години, партијата ВМРО-ДПМНЕ повторно има свој градоначалник и мнозинство во Советот на Струмица.

Поврзани содржини