СТРУМИЦА Е ПОД МАСКИ Вечерва е големото дефиле, над 3.000 маскирани ќе излезат на карневалот

Гoстите веќе се пристигнати. За нив забавата започна уште синоќа на големиот маскенбал каде се дружеа со локалните карневалџии.

352

Струмица е под маски. Викендов се подготвува уште едно издание со карневалски поворки низ улиците на градот. Вечерва е големото дефиле на околу три илјади маскирани учесници од земјава, но и од регионот, пренесе Телма.

Гoстите веќе се пристигнати. За нив забавата започна уште синоќа на големиот маскенбал каде се дружеа со локалните карневалџии.






На традиционалниот маскенбал се избраа и принцот и принцезата. Тие ќе ја предводат поворката. Годинава тоа се Лефтер и Цветанка Андонови кои со својата група ќе порачаат светот да престане со војувања и немири.

Карневалските поворки продолжуваат и утре, на Прочка, кога се одбележува детскиот карневал.

Поврзани содржини