СТРУКТУРИ НА СДСМ ЛАПААТ ПАРИ ОД БУГАРСКИ ПРОПАГАНДНИ МРЕЖИ?! Филипче е спремен да ги внесе Бугарите во Уставот без никакви барања, тврди Лефков

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, изјави дека одредени кругови во СДСМ и нивните блиски соработници добиваат финансиска поддршка од бугарски фондови со цел да шират дезинформации и конструкции. Ваквите активности, тврди тој, се препознаваат и по тоа што содржини од бугарски медиуми се пренесуваат со голема брзина во македонскиот медиумски простор од, како што вели, структури поврзани со СДСМ.

1,728

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција обвини дека постои поврзаност меѓу структури од СДСМ и бугарска антимакедонска пропаганда, насочена кон дискредитација на ВМРО-ДПМНЕ и на премиерот Христијан Мицкоски.

Лефков тврди дека до ВМРО-ДПМНЕ пристигнале информации кои укажуваат на, како што рече, „јасна поврзаност и координација меѓу бугарски пропагандни мрежи и структури поврзани со СДСМ“. Тој тврди дека тие заеднички делуваат кон негирање на македонскиот идентитет и јазик, и дека крајна цел им е напад врз партијата и нејзиниот лидер, кој го нарече „единствената брана за македонските интереси“.






– Некои кругови во СДСМ и блиски до нив, се целосно финансирани од бугарски фондови, со цел да шират лажни информации и конструкции за политичари од ВМРО-ДПМНЕ и за државниот врв – изјави Лефков, додавајќи дека тоа се гледа и преку брзото пренесување содржини од бугарските медиуми во македонскиот медиумски простор од страна на, како што рече, „структури блиски до СДСМ“.

Тој како пример го посочи лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за кого рече дека „во тајност прифаќа внесување на Бугарите во Уставот без никакви барања“, што, според Лефков, е уште еден доказ за антимакедонската ориентација.

– Сето ова е обид да се нанесе штета на ВМРО-ДПМНЕ, при што во игра се и пари – посочи Лефков, тврдејќи дека СДСМ се обидува да се наметне како политички фактор чијашто поддршка би била клучна за надворешната политика на државата.

Лефков го обвини СДСМ дека, наместо да понуди конкретна програма за претстојните избори, се обидува преку, како што рече, „распродажба на македонските национални интереси“, да ја задржи својата релевантност, делувајќи, тврди тој, во интерес на Бугарија.

„СДСМ ПОВТОРНО Ѝ НАНЕСУВА ШТЕТА НА МАКЕДОНИЈА“ Лефков обелодени неуспешен обид на бугарските служби и СДСМ за деструкција на ВМРО-ДПМНЕ и на премиерот Мицкоски

Поврзани содржини