„СТРУКТУРИ НА СДСМ И НА ДУИ ВО АНБ УНИШТУВАЛЕ ДОКАЗИ ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО“ Македонската асоцијација на новинари очекува обвиненија и пресуди

По сè изгледа, дојден е денот да се стави точка и крај на тоа зло, СДСМ, ДУИ, нивните медиуми и нивните интернет ботови да користат туѓи телефонски разговори и приватност за свои политички и комерцијални цели, реагира МАН.

443

Во врска со информацијата од АНБ дека во време на власта на СДСМ и ДУИ се следени и прислушувани лидерот на тогашната опозиција Христијан Мицкоски, други политичари, новинари, обвинител, бизнисмени и други јавни личности, за Македонската асоцијација на новинари (МАН) не е изненандување, туку само потврден факт на она што сме го знаеле, а АНБ успеала да обезбеди докази, се вели во реакцијата на МАН.

„Власт која ги добила функциите со објавување туѓи прислушувани разговори кои им ги обезбедил нивни поранешен политициски функционер Зоран Верушевски, а никој не ги спречил таквите прислушувани разговори јавно да ги објавуваат и употребуваат за свои политички цели, јасно е дека таа и таква власт ќе продолжи со незаконско прислушување и следење. Кога тогашниот јавен (државен) обвинител Марко Зврлевски објави соопштение со барање до медиумите, до СДСМ и до ДУИ да не ги објавуваат разговорите, бидејќи е спротивно на законот, дел од јавноста, особено медиумите и интернет ботовите под контрола на СДСМ и ДУИ ги кршеа законите и објавуваа телефонски разговори и на новинари“, соопшти МАН.






Оттука натаму, се додава во соопштението, сите правила, сите етички норми и сите закони во врска со прислушувањето и со следењето станаа прифатливи за СДСМ, за ДУИ, нивните медиуми и за нивните симпатизери.

По сè изгледа, реагира МАН, дојден е денот да се стави точка и крај на тоа зло, СДСМ, ДУИ, нивните медиуми и нивните интернет ботови да користат туѓи телефонски разговори и приватност за свои политички и комерцијални цели.

„И кога СДСМ и ДУИ беа на власт пишувавме дека АНБ и другите полициски структури следат и прислушуваат. Сигурни сме дека ова што АНБ првично го објави не е сè, бидејќи и ние знаеме, а и тие знаат дека во АНБ сè уште има структури на СДСМ и ДУИ кои учествувале во ова, дека пред промена на власта се вршени уништувања на документација и траги и докази во АНБ, за кои веројатно јавноста допрва ќе биде известена“, соопшти МАН.

Не сме изненадени од првичните информации на АНБ, но ќе бидеме изненадени ако ова обвинителство и ова судство ни покаже обвиненија и пресуди за сторителите, потенцира Македонската асоцијација на новинари.

„Да ги потсетиме во обвинителството и во судот дека после повеќе од 5 години сè уште немаме извештаи и разрешница за прислушување на интерните телефони во обвинителството и разговорите на обвинителите, како и прислушувањето судии. Материјали кои се користени за уцени на обвинители и на судии да постапуваат за потреби на власта на СДСМ и ДУИ“, соопшти МАН.

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, ВИЛМА РУСКОВСКА И НОВИНАРИТЕ ЛАНДОВ И ЗЛАТЕВ БИЛЕ ТАРГЕТИ Списокот на незаконски следени и прислушувани јавни личности е многу поголем

Поврзани содржини