СТРУГА ДОБИ ТЕЖОК ПРОТИВНИК Во првото квалификациско коло за ЛШ, стружани ќе играат против Слован Братислава
Македонскиот шампион првиот меч од првото квалификациско коло за Лигата на шампионите ќе го игра на гости во Словачка на 9/10 јули, а реваншот пред своите гледачи на 16/17 јули.
Струга Трум Љум немаше многу среќа во ждрепката за првото квалификациско коло од новото издание на Лигата на шампионите за сезоната 2024/25 што се одржа денеска во седиштето на УЕФА во Нион. Македонскиот фудбалски шампион ќе има тешка задача во првото квалификациско коло против словачкиот претставник Слован Братислава, квалитетен и амбициозен тим кој редовно е присутен во европските фудбалски купови.
Избраниците на тренерот Османи првиот меч ќе го играат на гости на 9/10 јули, а реваншот пред своите гледачи на 16/17 јули.
Оваа сезона, Лигата на шампионите ќе се игра во нов формат со 36 екипи во една групна фаза.
Победниците од оваа фаза продолжуваат во второто квалификациско коло, а поразените ќе влезат во второто коло од турнирот во Конференциската лига.
Комплетна ждрепка за првото прелиминарно коло во Лигата на шампионите 2024/25:
Слован Братислава (Словачка) – Струга Трум Љум (Македонија)
ТНС (Велс) – Дечиќ Тузи (Црна Гора)
Борац Бања Лука (Босна и Херцеговина) – Игнација Рогозине (Албанија)
Хамрун Спартанс (Малта) – Линколн Ред Импс (Гибралтар)
Балкан (Косово) – УЕ Санта Колома (Андора)
Флора Талин (Естонија) – НК Целје (Словенија)
КС Клаксвик (Фарски Острови) – Диферданж (Луксембург)
Паневезис (Литванија) – Хелсинки (Финска)
РФС Рига (Латвија) - Ларне (Северна Ирска)
Викингур (Исланд) – Шамрок Роверс (Реп. Ирска)
Виртус (Сан Марино) – ФЦСБ (Романија)
Лудогорец (Бугарија) – Динамо Батуми (Грузија)
Ордабаси (Казахстан) – Петрокуб (Молдавија)
Динамо Минск (Белорусија) – Пјуник (Ерменија).