СТРУЈОМЕРИТЕ ЌЕ СЕ ЧИТААТ МЕСЕЧНО, ЌЕ ИМА И ВОНРЕДНА ПРОВЕРКА Регулаторната комисија за енергетика работи на сет на мерки за заштита на потрошувачите на струја
Овој сет на мерки ќе стапи на сила по завршување на сеопфатната експертка консултативна фаза со сите засегнати страни. По што јавноста ќе биде детално запознаена со решенијата.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) подолг период работи на комплементарен сет на мерки со цел зајакнување на заштитата на потрошувачите, соопштија оттаму.
Овој сет на мерки ќе стапи на сила по завршување на сеопфатната експертка консултативна фаза со сите засегнати страни. По што јавноста ќе биде детално запознаена со решенијата.
Како што се наведува, дел од тој сет на мерки се и месечно отчитување на броила, како и вонредна проверка на броила по случаен избор кај дел од потрошувачите кои имаат доставено приговори до РКЕ.
– Овие механизам се дел од заедничкото делување со ресорното министерство Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМЕС) со цел зајакнување на довербата и надминување на дилемите кај дел од јавноста – кај оние потрошувачи кои се сомневаат во исправноста на мерните уреди (броилата) – велат од РКЕ.
Соопштението на РКЕ доаѓа по средбата со претставници на Здружението на инженери на која, како што информираат од Здружението, биле прифатени забелешките дека фактурирањето врз основа на проценета потрошувачка на електрична енергија доведува до разлики во износите, што може да предизвика финансиска штета за потрошувачите, додека во исто време создава дополнителни приходи за операторот на дистрибутивниот систем.
Од Здружението предлагаат да се издаваат коригирана фактура што ќе ги опфаќа деновите од претходното до последното отчитување на броилото.
„Со ова ќе се овозможи реална и прецизна наплата на електричната енергија, елиминирајќи ја можноста за неправедно внесување на потрошувачите во повисоки тарифни блокови поради корекции во месеците кога се врши реалното отчитување3, се наведува во соопштението.
Конечниот текст за измените во Правилата за снабдување со електрична енергија ќе биде утврден на подготвителна седница, на која ќе бидеме поканети да присуствуваме.