СТРУЈАТА РЕАЛНО ПОСКАПУВА 15, А НЕ 9,48 ОТСТО Мицкоски ја коментира одлуката на РКЕ

Уште повеќе, компаниите кои на слободниот пазар набавуваат електрична енергија плаќаат 4 пати поскапо, а Владата нема слух за помош кон нив, така што има една тотално хаотична ситуација, дополни Мицкоски.

429

„Од тоа што слушаме ќе се укинува евтината тарифа преку ден, едно од изборните ветувања на власта од изборите во 2017-та година, коешто ќе ја зголеми 5-7 отсто цената на електричната енергија. Дополнително најавуваат поскапување од 9,5-10 отсто, што би значело некаде околу 15-тина проценти во нето вредност би требало да се покачи електричната енергија, според тие јавувањата што ги слушнеме од Владата“.

Вака изјави Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ при денешната посета на Битола рече Мицкоски. Тој стравува за финансиската состојба на енергетските компании кои најавуваат банкрот.






– Уште повеќе, компаниите кои на слободниот пазар набавуваат електрична енергија плаќаат 4 пати поскапо, а Владата нема слух за помош кон нив, така што има една тотално хаотична ситуација – дополни Мицкоски.

Мицкоски потсети дека кога ВМРО-ДПМНЕ протестираше за цената на струјата пред неколку години тие беа исмејувани, но сега се виде дека цената не била ниту за исмејување ниту за навредување, бидејќи денес таа удира директно по џебот и стандардот на граѓаните во очи на празниците.

Поврзани содржини