Струјата постепено се враќа во Тексас, поларни температури и за викендот (ВИДЕО)

Околу 504.000 домаќинства во моментов се без струја, за разлика од вчера кога 2,7 милиони луѓе беа во таква ситуација, објави веб-страницата PowerOutage.US, која што ги следи прекините на електричната енергија.

382

Кризата што ја зафати втората по големина американска држава продолжува бидејќи милиони луѓе сè уште немаат пристап до вода, многумина се борат да најдат храна, а за време на викендот се очекуваат поларни температури.

Советот за електрична сигурност во Тексас (ERCOT), корпорација одговорна за 90 проценти од снабдувањето со електрична енергија, објави дека направиле значителен напредок во враќањето на електричната енергија во домаќинствата, но не ги објавиле податоците.






Околу 504.000 домаќинства во моментов се без струја, за разлика од вчера кога 2,7 милиони луѓе беа во таква ситуација, објави веб-страницата PowerOutage.US, која што ги следи прекините на електричната енергија.

Судијката Лина Идалго, највисоката избрана во округот Харис, каде што спаѓа и Хјустон, рече дека бројот на домаќинства без електрична енергија во нејзиниот округ опаднал на 46.000 од скоро милион претходната вечер. Таа предупредила на можни потешкотии што треба да се следат.

– Влијанието на зимското време врз водата и храната продолжува, а вечерва ќе има силни мразови што можат дополнително да влијаат на инфраструктурата – напишала Хидалго на Твитер.

– Имаме уште многу работа, но воодушевени сме што толку многу куќи имаат електрична енергија и греење – додаде таа.

Прекините на електричната енергија го прекинаа снабдувањето со вода за милиони, дополнително ја отежнуваа можноста на болниците да ги лекуваат пациенти среде пандемија и изолираните ранливи заедници поради замрзнатите патишта кои се непроодни во делови од државата.

Од вчера, на жителите на повеќе од 100 окрузи во Тексас им било кажано да ја зовриваат водата за пиење, бидејќи пречистителните станици и понатаму страдаат поради прекин на електричната енергија, додека повеќе од 12 милиони луѓе или немале вода за пиење во своите домови или имале само повремено пристап до неа .

Болниците во Хјустон, најголемиот град на државата и на други места во Тексас објавија тешкотии во снабдувањето со вода. Скоро дваесет смртни случаи се припишуваат на поларното невреме. Официјални лица велат дека се сомневаат дека многу повеќе луѓе починале, но нивните тела сè уште не се откриени.

Поврзани содржини