СТРУЈАТА МОЖЕ ДА ПОСКАПИ И ЗА 13 ОТСТО Енергетските компании бараат повисока цена, регулаторите ќе пресечат до 20 јуни

Новата цена на струјата ќе важи а периодот од 1 јули до 30 декември.

89

До Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се пристигнати сите барања за цената на струјата и доколку бидат прифатели тоа би значело нејзино зголемување за 13%, изјави за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.

РКЕ во наредниот период ќе ги анализира  барањата, а одлуката ќе ја соопшти околу 20 следниот месец.






Бислимовски соопшти дека Електродистрибуција има побарано зголемување на цената за дистрибуција од 32%, МЕМО, операторот на пазарот  на електрична енергија, од 83,3%, а МЕПСО како оператор на преносниот систем од 53,51%.

Процентот што го бара МЕМО, според него, навидум е голема бројка, но влијанието на цената е под 0,5%. Вкупното влијание на цената на МЕПСО, пак, е нешто под 5%.

-Доколку ги прифатиме сите овие барања тогаш би значело зголемување на цената на електрична енергија од 12,75%, односно од 13% – изјави Бислимовски.

Барање нема доставено само ЕВН Хоум поради тоа што не знае која ќе биде цената по која ќе ја набави од ЕСМ, повластените производители и ако има потреба од слободниот пазар.

РКЕ ќе информира во наредните денови на што се темелат барањата за зголемување на цената, а како што вели Бислимовски, најверојатно е заради зголемени трошоци во работењето.

-Ќе видиме дали е тоа прифатливо за нас или не. И претходно кажав не сум баш приврзаник за промени на цената на електричната енергија сега – рече Бислимовски.

Прашан за влијанието на враќањето на стапката на ДДВ од 18 % во цената на струјата, повтори дека РКЕ носи одлуки без ДДВ и оти ќе се задржи на делот што го регулираат.

– Ако го пресметате ДДВ не е 8% зголемување на цената, математички е некаде околу 7,3, односно  7,4 проценти како зголемување на цена што би влијаела, посочи претседателот на РКЕ.

Поврзани содржини