СТРУЈАТА ЧИНИ 110,76 ЕВРА ЗА МЕГАВАТ ЧАС ВО УНГАРИЈА На македонската берза бројката изнесува 88,22 евра

Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 90,76 евра за мегават час, а на MEMO 22,23 евра, се вели во анализата на ЕДС Инфо Поинт.

244

Мегават час струја на унгарската бераз HUPX за денеска, 5 септември, изнесува 110,76 евра, информира компанијата ЕДС Инфо Поинт.

Цената за мегават час за истиот датум на македонската берза МЕМО е 88,22 евра.






„Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 90,76 евра за мегават час, а на MEMO 22,23 евра. Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 34,11 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 32,47 евра“, се вели во соопштението.

Според ЕДС Инфо Поинт, информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

 

Поврзани содржини