Строги мерки – полицијата во Хонгконг со сила ги носи граѓаните на брис ако одбиваат

Владата вчера соопшти дека полицијата има дозвола да изврши упад во становите и насилно да ги извлече луѓето кои одбиваат да се тестираат. На овој начин се откриени неколку десетици заразени лица меѓу околу 10.000 тестирани граѓани.

184

Хонгконг почна да затвора станбени блокови без претходна најава, како дел од контроверзната стратегија за спречување на ширењето на коронавирусот, објави Би-Би-Си.

Во претходните десет дена, единици на хонконгшката полиција започнаа затворање без претходно предупредување. Затворени се улици со цел да се изолираат една од друга зграда и нивните станари, наложувајќи им на сите да се тестираат на ковид-19 или да платат 645 долари.






Владата вчера соопшти дека полицијата има дозвола да изврши упад во становите и насилно да ги извлече луѓето кои одбиваат да се тестираат.

Власта во Хонгконг ја оправдува својата стратегија и порача дека ќе продолжи со неа, и покрај критиките дека таквите мерки предизвикуваат анксиозност и паника кај граѓаните. Тие наведуваат дека се откриени неколку десетици заразени лица меѓу околу 10.000 тестирани граѓани.

Поврзани содржини