СТРЕСЕ ВО СТРУМИЦА Епицентарот бил во Валандово

114

Земјотрес со локална магнитуда од 3.1 степени по Рихтеровата скала е регистриран попладнево во 14 часот и 19 минути на 132 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Валандово, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот имал интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а бил почувствуван од населението во Богданци, Струмица, Валандово и околината.

Попладнево во 14 часот е почуствуван земјотрес во Струмица и во околината со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала.Во 14:19 часот е почуствуван уште еден земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтер. Епицентарот на земјотресот бил 18 километри југоисточно од градот на длабочина од 2 километри, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

 

Поврзани содржини