Стрелајте кучиња, вистината за Ваташа нема да умре!

Сведоци сме на нов обид за негирање и релативизирање на воено злосторство, нов говор на омраза и акт на вознемирување на јавноста, но овој пат не од бугарската, туку од пропагандата која се легитимира како поддржувач на владата на СДСМ.  Грозно и тажно!

7,141

„Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!”

Со овие зборови, на 16 јуни 1943 година, од животот ќе се прости еден од 12-те младинци од селото Ваташа, стрелани во месноста Моклиште.






Најмладиот имал само 15 години.

Невини деца.

Младинците биле изрешетани со митролези, а потоа и избодени со бајонети. На некои им се исечени рацете и им се извадени очите. На крајот, сите биле ограбени.

Наредбата за стрелањето ја издал полковникот Љубен Апостолов. Откако неговите војници му реферирале за успешно извршената акција, тој восхитено рекол:

„Тоа е тоа, страшни момчиња имам!“.

Страшен масакр е извршен во Ваташа. До ден денешен од Бугарија непризнат како воено злосторство. До ден денешен, без збор извинување и без изрази на сочувство до семејствата на жртвите. До ден денешен, злосторство за кое од Софија и од бугарската пропаганда слушаме само оспорувања и релативизирања.

И еве, сега им се придружуваат и кучињата на пропагандата која се самолегитимира како поддржувач на владата на СДСМ и на тој некаков „провропски фронт“. Тие сега се обидуваат да го оправдат и да го релативизираат ова неспорно воено злосторство, извршено врз невооружени и невини цивили.

А што ги предизвика кучињата да залајат токму сега?

Ништо посебно. Една песна. И едни стихови…

Една посебна изведба на Андријана Јаневска на познатата песна „Ми заплакало селото Ваташа“. И стиховите на песната „Цветови“ од Славко Јаневски, во изведба на Игор Џамбазов. Целиот тој перформанс, всушност, за кој е одговорен Ранко Петровиќ, организаторот на манифестацијата „Златна бубамара“.

Ете, тоа ги надразнило кучињата на пропагандата. Тие би сакале песната повеќе да не се изведува, а стиховите на Славко Јаневски да не се рецитираат. Не би ме чудело веќе да се избришани од учебниците…

Инаку, не е прв пат да се спори за масакрот во Ваташа. Имало и порано неранимајковци кои се обидувале да го оправдаат ова злосторство, со тврдењето дека штом децата биле скоевци, тие биле легитимна цел, без оглед што биле невооружени цивили.

Така бедно не се бранел ни полковникот Апостолов, наредбодателот на ова злосторство!

И секако, не е прв пат кучињата на пробугарската пропаганда да го експлоатираат фактот дека полковникот Апостолов бил од Крива Паланка. Дека бил Македонец. Замислете, сите наши предци биле Бугари, а и ние самите сме „неосознаени“ Бугари, само тој ѕвер во бугарска фашистичка униформа, кој командувал на регуларна единица на бугарската војска која го извршила масакрот, е само тој бил Македонец!?

За да се каже дека Македонец убил Македонци, јасно.

Ете така резонираат кучињата на пропагандата.

И да не заборавам, не е прв пат јавно да се пласира и лагата дека Бугарија го признала злосторството, со самото тоа што го предала полковникот Апостолов на власта во Македонија, кадешто е суден, осуден и стрелан.

И ова тврдење е безочна лага. Бугарската историографија и бугарската држава никогаш не признале дека масакрот во Ваташа е воено злосторство и никогаш никој не се извинил за тоа злосторство.

Велам, за сево ова некогаш се расправавме со нашите бугараши. И некако, тоа си имаше смисла. А ете, денес за ова се расправаме со пропагандата којашто се легитимира како поддржувач на владата на СДСМ. Има ли тоа смисла?

Не знам, СДСМ треба да си каже. Молкот е оправдување.

На бултериерите на таа пропаганда им пречат една песна и едни стихови, им пречи секое потсетувањето на масакрот во Ваташа. Тие се полоши од софиската пропаганда. Софијанците барем ќе почекаат до јуни, кога е времето за кавгите за Ваташа. Нашиве антимакедонци не чекаат, тие веднаш скокаат како попарени.

„Зошто се пумпаат со емоции денешните граѓани со една трагедија од пред 80 години?“, реви Бранко Тричковски на Фејсбук. И додава: „Нацијата која не е во состојба да ја совлада таа трагедија и да престане да ја оживува и партиско-политички актуелизира, злоупотребува и манипулира за масовен транс, е пубертетска, односно незрела. Не е заборавот израз на незрелоста, туку идејата за користа на таа трагедија“.

Тричковски ја совладал таа трагедија. Тој е совладувач на трагедии. И сега нѐ подучува за Ваташа да зборуваме без емоции. Ма подобро воопшто да не зборуваме. Масакрот треба да се заборави. Зашто, во спротивно, Врабецот ќе нѐ прогласел за незрели.

Мојот одговор на ова бедно црцорење е краток и јасен – м’лкни таму, стоко антимакедонска!

А еве што надробило едно друго „страшно момче“. Се вика Боби Илиевски. Излезен од шинелот на муртинецот Ден Дончев, некогашен поддржувач на Љубчо Георгиевски, денес е еден од најбучните мегафони на СДСМ.  Ова е негов пост на Фејсбук:

Искрено ми е жал што ваквите срања денес се атрибуираат на СДСМ и одат на негова сметка. Но, така си е и Бихаќка веројатно ќе мора да се помири со фактот дека на следните избори ќе оди со овој срамен багаж.

Вистина е дека таа партија никогаш немала пропагандисти со коишто можела сериозно да се пофали, некакви расни кучиња, или некакви навистина страшни момчиња, но факт е и тоа дека никогаш не била на вакво дереџе да ја бранат вакви дртала и џукели.

И молам, нека не се обидува никој да тврди или да инсинуира дека врската на овие ликови со СДСМ е измислена. Само немојте тоа, аман! Зашто, ќе ме принудите јавно да споделам некои информации коишто претпочитам да останат во мојот тефтер. Барем засега…

И пред да го споделам навистина емотивниот и прекрасен перформанс на Јаневска и на Џамбазов, би сакал само јавно да го предупредам Јавниот обвинител.

Обвинителе драг, негирањето на воено злосторство е казниво дело, затоа што тоа е говор на омраза и акт на многу сериозно вознемирување на јавноста. Би можел да ви објаснам кои членови од Кривичниот законик ве обврзуваат да реагирате, но се надевам дека тоа го знаете. Ве предупредувам дека ова мое сосема кусо обраќање до Вас лично ќе го сметате за допрен глас. Всушност, еден од многуте што требаше да ве допрат во овие два дена. А ако сега баш ништо не ве допира, Обвинителе драг, јас само да ве поучам дека ќе дојде време кога ќе ве допре.

Не забораваме ништо!

Не ја забораваме вистината за масакрот во Ваташа!

Не го забораваме овој нов обид на кучињата на пропагандата да нѐ замолчат.

Еве, за тоа сведочат песната и стиховите:

Поврзани содржини