СТРАВОТ ОД ВИСОКИТЕ БРОЈКИ НА ЗАРАЗЕНИ РАСТЕ За една недела вакцинирани околу 50.000 граѓани

Вкупно на ниво на држава се аплицирани 1.058.112 дози вакцини, а ревакцинирани се 471.728 граѓани.

437

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатата недела аплицирани се вкупно 49.569 први дози на вакцини во државата.

Според информациите на Министерството за здравство, на вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 586.384 граѓани. Прва доза вакцина во петокот и вчера примиле 13.950 граѓани, а втора доза, вкупно 8.636 граѓани.






Вкупно на ниво на држава се аплицирани 1.058.112 дози вакцини, а ревакцинирани се 471.728 граѓани.

Со последните бројки 67 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 64 проценти од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 60 проценти од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 50 проценти од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Од здравство информираат и дека граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

 

Поврзани содржини