Стравот од ковид-19 не е ништо во споредба со стравот од духови ВИДЕО

Како што пренесе „Ројтерс“, маскираните се надевале дека на овој начин ќе го зголемат суеверието и дека ќе ги натераат постарите луѓе да останат во своите домови додека ковид-19 брзо се шири низ архипелагот на југоистокот на Азија. Инаку, како што говорат последните официјални информации, во Индонезија досега се заразени вкупно 4.557 луѓе, а починати се 399.

729

Властите во Индонезија смислија нов начин како да ги натераат луѓето да останат дома за време на пандемијата со коронавирусот. Како што објавија локалните медиуми, група млади лица од селото Кепу на островот Јава во Индонезија се координирала со полицијата и формирала тим на доброволци кои се маскираат во митскиот Поконг, дух кој потекнува од фолклорот и кој ја претставува заробената душа на мртвите луѓе.

Како што пренесе „Ројтерс“, маскираните се надевале дека на овој начин ќе го зголемат суеверието и дека ќе ги натераат постарите луѓе да останат во своите домови додека ковид-19 брзо се шири низ архипелагот на југоистокот на Азија. Инаку, како што говорат последните официјални информации, во Индонезија досега се заразени вкупно 4.557 луѓе, а починати се 399.






Индонезиските власти најпрво поставиле кукли маскирани во Поконг и таа идеја се покажала како ефективна, но со текот на времето љубопитните луѓе повторно почнале да излегуваат од своите домови. Па така, организаторите биле принудени да ја променат стратегијата, односно да се маскираат и да спроведуваат Поконг патроли низ селото.

Слични вакви методи се применуваат и во Малезија, а Мухамед Урабил Алиас за локалниот весник „Хариан Метро“ изјавил дека се облекувал како дух за да ги исплаши тинејџерите кои се собирале и кои ги прекршувале воведените рестриктивни мерки за сузбивање на пандемијата.

– Кога ги објавив фотографиите на Фејсбук, многу луѓе почнаа да креваат паника и да се плашат, па од тој момент веќе не ги напуштија своите домови – изјавил Алиас.

Поврзани содржини