СТРАВОТ ОД БОМБИТЕ ЛОЗЈЕТО ГО ЧУВА Целосна блокада кај „Борис Трајковски“ – полицијата од вечерва го обезбедува објектот за утрешната трибина на СДСМ
Како што објави порталот А1.Он, сите шест влезови на паркингот кај спортската сала се затворени од полицијата, а вакви засилени мерки се преземени наводно поради големиот број дојави за поставени бомби во разни објекти.
Не смее пиле да прелета во близина на спортската сала „Борис Трајковски“ во пресрет на утрешната трибина на СДСМ која треба да се одржи во оваа сала.
Како што објави порталот А1.Он, сите шест влезови на паркингот кај спортската сала се затворени од полицијата, а вакви засилени мерки се преземени наводно поради големиот број дојави за поставени бомби во разни објекти.
„Објектот е под целосна полициска опсада, најверојатно поради безбедносна проценка на МВР, а со цел, ако утре има дојава за бомба, да не мора присутните да се вадат надвор од трибината“, објави порталот.
Реакција вечерва пристигна од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ, Ковачевски и Спасовски секојдневно го допираат дното во секој поглед. Класичен пример за допрено дно во безбедносен систем е ставањето на МВР во улога на партиска полиција. Срамно е кога секојдневно има по десетици дојави за бомби низ институции и објекти, СДСМ да ги користи ресурсите на полицијата за своите партиски настани цели 24 часа однапред. Додека по цели денови се необезбедени училишта, градинки, трговски центри и многу други институции каде што учат деца и се движат граѓани, СДСМ полицијата ја користи за партиски активности. На СДСМ, Ковачевски и Спасовски, заедно со своите партиски послушници во МВР, поважна им е безбедноста на партиските настани, отколку безбедноста на граѓаните. Несериозноста на оваа неспособна власт ги доведе граѓаните да не се чувствуваат безбедно во својата држава. Оваа Влада е најнеспособната власт во историјата на Република Македонија со најмногу скандали кои директно ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.