🎥 СТРАВ И ПАНИКА ВО ДАЛМАЦИЈА Пожар голтна 12 куќи за само неколку часа, пожарникарите објавија драматични снимки
Според информациите објавени од телевизијата Н1, пожарот кој почнал утрово во деловите Пишко и Марушиќ нанел значителни оштетувања.
Во околината на Сплит, конкретно во подрачјата Марушиќ и Мимиќ, избувна силен пожар што зад себе остави сериозни последици.
Пожарникарите од Сплит споделија вознемирувачки снимки од теренот на кои се гледа обемот на уништување.
Според информациите објавени од телевизијата Н1, пожарот кој почнал утрово во деловите Пишко и Марушиќ нанел значителни оштетувања.
Во огнената стихија изгореле повеќе објекти, меѓу кои најмалку 12 куќи, а делумно е зафатена и маслодарската фабрика Оргула.
– Имавме сериозна ситуација, но успеавме да ги заштитиме дел од станбените згради. Сега состојбата е подобра. Сепак, некои куќи се целосно изгорени. За фабриката, моментално немаме точни информации за степенот на оштетување – изјави командантот на противпожарната единица, Иван Ковачевиќ.