СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО ЕФЕКТИ ЗА БАЛКАНОТ Велика Британија инвестира 5 милијарди фунти во Македонија

Покрај економските придобивки, Велика Британија со овој потег ја зацврстува и својата геополитичка позиција во Балканот – регион кој игра сè поголема стратешка улога во Европа. Досега се потврдени три групи на проекти: изградба на брза железница по Коридорот 10, изградба и реконструкција на болници во повеќе градови, како и изградба на медицински факултет и студентски дом во Штип, пишува американски Newsmax.

68

По Брегзит, Обединетото Кралство сè поинтензивно го користи инвестиционото портфолио како алатка на надворешната политика, настојувајќи да ја преформулира својата глобална улога. Еден од најновите примери за ваквиот пристап е стратешкото партнерство со Република Македонија, кое предвидува британска поддршка од 5 милијарди фунти преку UK Export Finance, пишува американски Newsmax.

Соработката го опфаќа развојот на повеќе клучни сектори – здравство, енергетика, транспорт и дигитална инфраструктура – и има потенцијал да ја трансформира македонската економија.






– Ова партнерство овозможува на Република Македонија да го искористи искуството и најдобрите практики на британската јавна администрација и бизнис секторот, што ќе помогне да се подигне нивото и на администрацијата и на бизнис заедницата во земјата – истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Покрај економските придобивки, Велика Британија со овој потег ја зацврстува и својата геополитичка позиција во Балканот – регион кој игра сè поголема стратешка улога во Европа. Досега се потврдени три групи на проекти: изградба на брза железница по Коридорот 10, изградба и реконструкција на болници во повеќе градови, како и изградба на медицински факултет и студентски дом во Штип.

Овие проекти ќе имаат мултипликативен ефект – ќе ја подобрат поврзаноста, ќе поттикнат раст во дополнителни сектори и ќе ја зголемат конкурентноста на македонската економија.

Покрај инфраструктурните придобивки, очекувањата се дека проектите ќе создадат и илјадници нови работни места, што е особено значајно за младата работна сила.

Развојот на брзата железница, пак, нема да биде важен само за Република Македонија, туку и за цел Балкан, бидејќи ќе овозможи подобра регионална интеграција и економска поврзаност, се наведува во текстот на Newsmax.

Поврзани содржини