СТРАТЕШКИТЕ ГРЕШКИ ГИ ЧИНАТ ГРАЃАНИТЕ МНОГУ Николов ја обвини владата дека не прави буквално ништо во здравството

Персоналот или во приватното здравство или во странство. Не можам да се сетам за некаква капитална инвестиција во здравството, можам да се сетам само за донации, а сѐ повеќе се бараат и донации за лекување – вели Николов.

595

Најголемиот проблем во моментов е недостаток на медицински персонал и несоодветна инфраструктура, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.

– Инфраструктурата во здравството ни е со поминат рок. Ни се случија стратешки грешки, се стопираше градбата на клинички Мајка Тереза и се планираше некој мегаломански проект од кој нема ништо, а за оној неизградениот Мајка Тереза постои арбитражна постапка и засега побарувањето или пеналите кои треба да ги плати државава се 18 милиони евра – рече Николов.






Николов посочи дека и клиничкиот во Штип е незавршен и таму треба да се плаќа еден вид на пенали.

– Клиничкиот во Штип наликува на автопатот Кичево Охрид почната изградбата, но застаната. Зошто? Нема одговор и Владата не го повлекла одобрениот кредит и сега има побарувања или има загуби. Поточно неградењето на нов клинички во Штип и болница во Охрид носи само штета за не изградбата од околу 40 милиони евра – кажа Николов.

Според него сето ова нанесува големи штети на јавното здравство и сите заминуваат од истите.

– Персоналот или во приватното здравство или во странство. Не можам да се сетам за некаква капитална инвестиција во здравството, можам да се сетам само за донации, а сѐ повеќе се бараат и донации за лекување – вели Николов.

Тема за актуелниот министер за здравство, укажа тој, е разрезување на медицински директори од кои бенефит имаат граѓаните.

– Потоа тема беше паркинг на Клинички во Скопје, но и од тоа нема ништо. Или неинвестирањето во инфраструктурата не доведува во тешка состојба – посочи Николов.

Од друга страна има и други небулози се најавува укинување на организациски директори во клиниките, а во меѓу време министерот назначува нови.

– Македонија кубури со секаков вид на медицински кадар. За медицинскиот кадар нема континуирана обука. Претходно престојуваа во познати здравствени центри и искуството го пренесуваа во Македонија. Но, сега од тоа нема ништо. Сите заминуваат или во приватно или во странски здравствени центри – Николов.

Според него има повеќе модели да се задржи медицинскиот кадар, но оти не се прави ништо од актуелната Влада.

– Моделите за зачувување на кадарот ние ги разгледуваме како Комисија за здравство. Еден е давање стипендии за специјализации на пример. Потоа ќе бидат обврзани знаењето да го применуваат во нашите здравствени институции. Второ, мора да има протоколи за пренос на знаење. Една процедура да не ја прави еден тим, туку да подготвува и друг тим – вели Николов.

Тој укажа и на праксата со тоа што заминуваат лекари некои процедури да не се прават во јавното здравството.

– Бевме сведоци, процедури и искуство од јавно да се префрлат во приватно здравство или услугите се преместени од приватното во јавното здравство се разбира за оние кои можат да платат, а здравството треба да е достапно за сите. Граѓаните плаќаат здравствено осигурување – посочи доктор Николов.

Николов укажа дека е исклучително лоша состојбата и за пациентите говорат лошите извештаи на Државниот завод за ревизија.

– Ако ДЗР нотира дефицит на лекови, застарена позитивна листа тоа се знае за што зборува. Но можеби евентуално некому ова му одговара. Но трпат граѓаните – рече Николов.

Николов се осврна и на фактот што нема лекови ниту за лицата со ретки болести.

– Се прават некои напори, но тоа воопшто не е доволно. Или сите пациенти речиси имаат проблем не само оние со цистична фиброза, туку и лицата со дијабет за нив исто нема од новите лекови, онколошките пациенти исто се соочуваат со проблем и за нив нема нови лекови – рече Николов укажувајќи дека она што се гледа е само едно арогантно однесување кога станува збор за здравството, или и за медицинскиот персонал и за пациентите.

Поврзани содржини