Страст и очај – добра тема за кратка приказна

1,563

Не така одамна, некаде во 2006 или 2007 година, некој професор по природа, општество и уметност, на инцијатива на една своја студeнтка, по име Кетрин (Catherine), која тогаш живеела во Париз, почнал со неа да разговара преку Скајп. Целото тоа неколкумесечно дружење во кибернетскиот простор со талентираната студентка му било интересно. Професорот отсекогаш сакал предизвици, експерименти, имагинативни игри и отворен, слободен пристап кон новите технолошки достигнувања, а со тоа бил отворен и кон предизвиците што времето ги носи. Тој особено бил заинтересиран за нештата кои изгледало дека не се само прозорци кон светот, туку и врати кон некои нови креативни можности, врати кон отворен неконтролиран слободен простор за зближување на луѓето.

Не лези враже, што би рекле нашите драги пријатели од Србија, професорот ведаш ги впрегрнал можностите што пред него ги отворил Скајп и големиот неистражен кибернетички свет, денес добро познат како онлајн-комуникации и виртуална реалност, па почнал да го применува своето скромно искуство во секојдневната настава. И така, еден ден, нашиот немирен порфесор, што би рекле – пргав профа, дошол на час и ги информирал своите студенти по креативни уметности и цивилно општество да се подготват за слединот час добро и своите вежби кои тие ќе ги подготват дома, да ги презентираат во студиото во кое постојано работат. Профсрот исто така ги информирал дека додека тие презентираат, тој ќе биде во својата канцеларија и дека од таму преку Скајп ќе го води часот и ќе работи со нив.  Тој им објаснил дека и за






Меѓутоа, ентузијазмот и радоста на професорот кој сакал да експериментира, не траеле долго. Еден од неговите „постари“ студенти, кој во тој период имал нешто повеќе од 50 години, се побунил. Убаво воспитано, меко, но разорно, па малку и со токсичнот, како што тоа често бива, студенот рекол дека тој не може да го прифати тоа да има час преку Скајп. Прво затоа што, според него, тоа било вештачки начин на предавање и комуникација меѓу студентите и професорите, а тој преферирал „жив, директен контакт“. И второ, затоа што тој не само што не користи компјутер, туку и ги мрази компјутерите и се она што тие го претставуваат, односно дека тие си опасни по човештвото.

Во студиото настанала чудна пауза. Некои од колегите студенти почнале да го убедуваат дека е добро да направат експеримент, некои опортунистички молчеле да видат од каде дува ветрот, а имало и такви кои тивко, молчаливо, го поддржале спротивставувањето на тврдокорниот студент.

Професорот се обидел да му објасни на својот студент зошто е добро да се прифати предизвикот на новата технологија, но сето негово настојување паднало на неплодна почва.

Меѓутоа, љубопитниот и креативен професор, не се предал пред ѕидот што пред него го подигнал стариот студент. Професорот бил борец за својата кауза. Следејќи ги внимателно разните оправдувања на својот студент, од процедурални, преку правни и едукативни, па се до обвинувањата дека му се кршат човековите права и дека е загрозен од големата опасност што ја носат новата технологија и креативноста, професорот во еден момент направил голема, драмска пауза, па го прашал студентот:

„Извини, а дали ти пишуваш на машина за пишување?”

Студентот, сиот озарен, како од пушка одговорил: „Па да, секако”.

Пофесорот тогаш прашал: „А знаеш ли што е Гутенбергова машина за пишување?”

Студентот малку се замислил па рекол: „Пааа… да, знам!”

„Е, бидејќи знаеш и бидејќи употребуваш машина за пишување, ме интересира што мислиш, дали тогаш кога се појавила машината за пишување имало луѓе кои, исто така како што ти сега правиш, се спротивставувале на употребата на машината за пишување што ти сега со радост ја користиш?”

Студентот останал занемен. Не знаел што да одговори.

„Сигурно имало. Секогаш има такви кои мислат дека технолошкиот прогрес е против нив и дека им става ограничувања. Дека им ги ускратува правата. Но, за среќа, веројатно малку ги имало”, рекол професорот и продолжил: „Но, нивното неприфаќање, нивната токсичност, нивните запалени умови, сигурно не го запреле прогресот. Ете, како резултат на тоа, ти со радост говориш дека користиш машина за пишувањe. Да не бил Гутенберг, а и машината за пишување подоцна, ти би пишувал сега со перодршкa и би бил тотално необразован. А од друга страна, се буниш против тоа што утре можеби ќе биде нормално однесување во описменувањето на луѓето и дел на секојдневната комункација. Како да го сфатам ова? Дека си протов прогресот? Дека светот треба стои во место? Дека треба да се вратиме назад и да живеем во пештери?“

„Ти можеш на следниот час и да не дојдеш, дури и да не присуствуваш на вежбите, тоа е можеби твој избор и твое право, но сакал ти или не, возот на технолошкиот прогрес и на сите промени што тој воз ги носи утре ќе бидат тука. Ти иднината не можеш да ја запреш. Но, мислам дека треба да бидеш отворен кон неа и да ја прилагодиш на твоите потреби, да ја прилагодиш на добробита на човештвото, а не да ја негираш и да бегаш од неа”, поентирал професорот.

Следниот час студентот бил во студиото, не партиципирал во наставата, бил пасивен посматрач, но како што поминувало времето , тој станувал се повеќе и повеќе силен апологет на онлајн-образованието и на креативните можниости во виртуелните простори. Дури купил и најскап и најсофистициран компјутер, со многу програми. А години и години подоцна, откако дипломирал, тој и самиот почнал да држи онлајн-настава и создавал возбудливи креативни проекти во огромниот, чуден и слободен киберенетички простор.

Оваа современа басна, како и секоја басна, има и свои поуки. Но, се надевам дека сега нема потреба, како Езоп, да ви ги кажувам поуките. Големи сте за тоа.

П.С. Седете дома и чувајте се! Ова време не е за тоа дали ви се скратени човековите слободи или не, за празни квазиинтелуктални расправи и поделби, туку дали сте здрави и како да останете здрави. Во оваа несреќа сме сите заедно. Со разум, а не се острастени апологии на идеолгии кои не фукционираат никаде во овој час. Ако сте болни и врзани за кревет, ни една слобода не ви вреди. Ни едно човеково право не ви помога. Како ќе се борите за слобода кога сте болни?

Нема здравје, нема слобода!

Поврзани содржини