Еден од сопствениците и претседател на Управниот одбор на градежната компанија „Гранит“, Страшо Милковски го зголеми својот удел во компанијата.
Ова го соопшти компанијата преку Македонска берза.
„Известуваме дека претседателот на Управниот одбор Страшо Милковски, се стекна со 12.781 обични акции од издавачот Гранит АД Скопје“, стои во соопштението.
Акциите на „Гранит“ на берзата се тргуваат по цена од 1314 денари.
Покрај Страшо Милковски кој во компанијата во мај лани поседувал 0,31 отсто од акцииите или 8.652 акции, најголеми сопственици во компанијата се неговиот син Зоран кој е на позицијата генерален директор и неговата ќерка Ивана Милковска. Трет по големина е НЛБ Нов пензиски фонд а акции има и Истинвестор ЛТД . Останатите акционери поседуваат помалку од 5 отсто од акциите.
Компанијата „Гранит“ е најголема градежна компанија во земјава. Има значаен удел во проектите во државата, но е и застапен и во голем број на странски проекти.