СТРАШНОТО ПОМИНА, НЕ ПЛАШЕТЕ СЕ Гаревски тврди дека нема да има нови земјотреси

Битола е на иста епицентрална линија со Лерин, каде што беше епицентарот на земјотресот, а граѓаните чувствуваат афтер-шокови и се вознемирени. Но, да не се плашат, истакна Михаил Гаревски, поранешен претседател на Европската асоцијација за земјотресно инженерство.

2,280

Очекувани и воопшто неризични се малите последователни земјотреси кои следуваа по синоќешниот голем земјотрес во Грција, вели Михаил Гаревски, поранешен претседател на Европската асоцијација за земјотресно инженерство, пренесе Нова Македонија.

– Со исклучок на Битола, каде што синоќа најмногу се почувствува земјотресот, граѓаните во другите градови на Македонија буквално нема потреба да се вознемирени. Ризикот за нив е нула. Битола е на иста епицентрална линија со Лерин, каде што беше епицентарот на земјотресот, а граѓаните чувствуваат афтер-шокови и се вознемирени. Но, да не се плашат. Иако не може да се предвиди, по сè изгледа вчера се случи главниот удар, а потоа имаше околу 40 афтершокови кои не моќат да предизвикаат никакви дополнителни оштетувања на објектите – вели Гаревски.

Поврзани содржини