СТРАШНО ЗЛОСТОРСТВО ВО СПЛИТ Со нож ја избодел мајка сѝ, а полицијата ја пречекал со зборовите „Убив демон“

Жената имала мноштво рани нанесени од голем кујнски нож и ја нашле во собата. Во станот немало траги од борба, пишува Далматинскиот портал.

1,792

Страшно злосторство се случило во Сплит. 28-годишниот М.П., кој инаку работи како готвач, ќе одговара за тешкото убиство на неговата мајка Ива П., која вчера попладне полицијата ја пронашла мртва во стан на шести кат во Мосечка улица.

– Полициски службеници од Сплит-Далматинската полиција го завршија кривичото истражување против 28-годишникот поради сомнение дека сторил кривично дело „Тешко убиство“ – соопшти сплитско-далматинската полиција.






Жената имала мноштво рани нанесени од голем кујнски нож и ја нашле во собата. Во станот немало траги од борба, пишува Далматинскиот портал.

Полицијата дошла на вратата од станот на семејството по пријава на загрижени граѓани дека неколку дена не можат да стапат во контакт со неа. Нив ги пречекал синот на убиената.

Тој им рекол на полицајците: „Убив демон“. Веднаш бил уапсен, не пружајќи никаков отпор. Тој бил однесен во психијатриско одделение за да се види дали е способен за кривична истрага. Лекарите процениле дека е, па бил пренесен на обработка во полиција.

Поврзани содржини