СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ОХРИД Ветерот го разбранува езерото, летаа покриви од згради (ВИДЕО)
Во текот на денот, на езерото се подигнаа големи бранови, кои според локалните медиуми, предизвикале помала штета во куќите покрај брегот во стариот дел од Охрид.
Силниот јужен ветер, кој денеска донесе големо невреме во Охрид, откорна покрив од зграда и оштети три стана од друга зграда, пренесува Охрид1.ком. Дел од лимениот покрив паднал и врз автомобил паркиран пред зградата.
Во текот на денот, на езерото се подигнаа големи бранови, кои според локалните медиуми, предизвикале помала штета во куќите покрај брегот во стариот дел од Охрид.

Ветерот соборил и бандера на една од градските улици.
Сличен случај имаше и пред неколку години, кога летна дел од покривната конструкција на болницата, како и од салата на основно училиште.
Од Територијалната противпожарна единица од Охрид за МИА потврдија дека интервенирале на кров на улицата „Галичица“, бил отстранет разурнатиот дел поради безбедносни причини, а на терен биле и екипи на јавното претпријатие „Комуналец“.
– Регионалниот центар за управување со кризи Охрид извести дека на 195 од граѓани добиле дојава дека поради силен ветар дел од кров на зграда на улицата „Галичица“ се срушил (летнал), за што била известена Територијалната противпожарна единица – Охрид и Општина Охрид. Има и јавување од граѓанин дека е откорнат лим од ограда што ја оштетил фасадата на објект во близина, по што е постапено – информираа за МИА од Центарот за управување со кризи.