СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ДАЛМАЦИЈА, ЗАТВОРЕНИ СЕ И ПАТИШТА Дожд го поплави Сплит

439

Пороен дожд следен со грмотевици и град утринава го зафати Сплит, а невремето за неполн час ги поплави улиците од градот, поради што на терен мораа да излезат пожарникарите и вработените во градскиот водовод, како и полицијата.

Центарот на градот е под вода, која навлезе и во угостителските објекти, како и во подрумите на Диоклецијановата Палата.






Поради полавата по улиците, голем број автомобили завршија под вода.

„На места има магла, а можни се и одрони, особено на Јадранската магистрала (DC8) и патиштата во планините. Ги предупредуваме возачите да не тргнуваат на пат без пропишаната зимска опрема“, соопшти ХАК.

Метеоролошката станица во Сплит регистрирала дури 47 литри врнежи од полноќ па до раните утрински часови, а дождовите се очекува да продолжат и во текот на целиот ден. Поради невремето, и на крајбрежјето е активиран жолтиот аларм, што е предупредување за потенцијално опасна временска прогноза.

Поврзани содржини