Страшно невреме го погоди северот на Грција (ВИДЕО)
Поголемиот дел од земјата ќе биде погодена од силно невреме проследено со поројни дождови и грмежи.
Силното невреме што денес ги зафати северните делови на Грција, утре ќе се прошири на југот.
Поголемиот дел од земјата ќе биде погодена од силно невреме проследено со поројни дождови и грмежи.
Метеоролозите предупредуваат на ненадејно влошување на времето, а поради поголемата количина на врнежи не е исклучено да се појават поплави.
Според најавите на Републичкиот хидрометеоролошки завод, во понеделник попладне се очекува нагло влошување на временските услови, што ќе донесе големи врнежи во повеќето делови од земјата до вторник, а се очекува во вторник да бидат погодени и островите.
Членовите на цивилниот сектор се подготвени во случај да дојде до поплави или други проблеми заради неповолните временски услови.
Денес веќе имаа проблеми во околината на Солун.
Повеќе од 100 домови беа поплавени во градот Серес, околу 70 километри од Солун.
Пожарникарите се на местото на настанот се обидуваат да ја испумпуваат водата од поплавените домаќинства, а неколку семејства се евакуирани.