📽️ 📷 СТРАШНО НЕВРЕМЕ ГИ ЗАФАТИ ИТАЛИЈА И СЛОВЕНИЈА Бурата ги блокираше патиштата, се бараат исчезнати

Меѓу катастрофалните последици од обилните дождови, пишуваат словенечките медиуми, се издвојува лизгањето на земјиштето што се урна и затрупа трикатна зграда во италијанската општина Кормонс, во градот Брацано, веднаш до границата со Словенија.

1,453

Делови од Словенија и Италија во понеделник се борат со поплави предизвикани од обилните дождови во италијанскиот регион Фриули-Венеција Џулија. Тоа е автономен регион на североистокот од Италија што се граничи со Словенија и Австрија.

Меѓу катастрофалните последици од обилните дождови, пишуваат словенечките медиуми, се издвојува лизгањето на земјиштето што се урна и затрупа трикатна зграда во италијанската општина Кормонс, во градот Брацано, веднаш до границата со Словенија.

 






Спасувачките екипи извлекоа едно лице со скршена нога. Сепак, се бараат уште две лица, а спасувачите се на терен со бројни возила и хеликоптер.

 

Италијански градоначалник: „За жал, некои се водат како исчезнати“

Додека спасеното лице беше испратено во болницата во Удине на лекување, локалните власти евакуираа неколку семејства во Кормонс поради ризик од нови лизгања на земјиштето.

– Врнеше многу синоќа, за жал, некои се водат како исчезнати – рече Роберто Фелкаро, градоначалник на Кормонс. Во кој за шест часа наврнаа дури 152 милиметри дожд.

Реката се излеа: Жителите чекаат евакуација на покривите

Врнежите од дожд доведоа и до излевање на реката Тер, која го поплави селото Верса недалеку од Вилесе, каде што беа мобилизирани и спасувачи од Венеција за да им помогнат на локалните сили.

Жителите на Верса чекаат евакуација на покривите на своите куќи, додека пожарникарите патуваат кон нив со хеликоптер и мали чамци. Поради поплавите, бројни патишта и мостови се затворени за сообраќај, а пристапот до погодените подрачја е ограничен.

Словенија: Прекини на електрична енергија, уништени патишта

Во соседна Словенија, сериозни штети се пријавени во западната општина Брда и околината. Пожарникарите и цивилната заштита веќе интервенирале 15 пати, а операциите се уште се во тек. Водата навлегла во бројни згради, а неколку помали свлечишта затвориле некои патишта.

Во градот Канал об Сочи, жителите пријавиле поплавени подруми, а во Вишњевик 200 корисници останале без електрична енергија откако свлечиште однело бетонски столб од далновод. Во Шловерц, 80 корисници ја доживеале истата судбина, каде што свлечиштето поместило и столб од далновод.

Енергетската инфраструктура исто така била оштетена, а свлечиштата целосно уништиле мост и затрупале неколку патишта.

Поврзани содржини